Слаб пласман на малешевското јагне за Божик

Стагнира побарувачката за јагниња за Божик во Малешевијата. Пласман како што информираат сточари, речиси и да нема, а се помала е и побарувачката од трговците. Кога на ова ќе се придодаде и ниската цена за килограм жива мера, тогаш како што вели Вангелина Пармачка, сточар од беровското село Будинарци, јагнето ќе заврши на домашната трпеза.

-Слободно можеме да кажеме дека пласманот со јагнето е катастрофална. Последните две три години на ниво на Македонија немаме добра цена ниту пласман. Побарувачката од трговците е исто така мала, а единствено имаме домапни купци, така што јагнето и годинава ќе заврши на домашната трпеза за Божик, вели Пармачка.

Пармачки е семејство кое се занимаваме со сточарство и со пољоделие, односно производство на храна за нивната стока. Доходовноста во оваа дејност ја гледаат во производството на млечни производи за кои имаат солидна побарувачка.

-Произведуваме малешевско јагне, органско малешевско сирење, млеко и други производи, урда, кашкавал и други производи. Побарувачката е добра, цената ние ја диктираме кога-како, зависи од побарувачката на муштериите. Сирењето можеме да кажеме дека е најпродавано, доаѓаат туристи ни го земаат и се продава солидно, додава Пармачка.

Поради подобрувањето на состојбата со откупот на јагнешко месо земјоделците и сточарите од Пијанечко-малешевскиот крај, на последната сточарска вечер неодамна најавија здружување и формирање тело кое ќе преговара за подобри цени и поголема грижа кон сточарите.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*