И годинава продолжи традицијата „Јаренце – пиленце“ во виничко Лески

Во виничкото село Лески, денес продолжи традицијата наречена „пиленце-јаренце“ која како што велат самите жители ја одржуваат повеќе од 15 години. Традицијата, како што додаваат е слична како и во другите места каде се нарекува „најатка“.

Во Лески за овој ден секоја година се одбира „кум“, кој има за задача да ги организира „најаткарите“ и вечерта да обезбеди музика, јадење и пиење за учесниците во обичајот. Годинава честа да биде „кум“ на обичајот „пиленце-јаренце“ му припадна на Сашко Стаменков – Каке.

Преку ден учесниците во обичајот вообичаено ги посетуваат домовите на жителите и изговарајки ги зборовите „јаренце-пиленце“, од страна на домаќините се дарувани со пари, ореви, јаболка, „сушелки“ (суви сливи), варена пченка, ракија или со еден збор сето она што семејството го подготвило за денешниот ден.

Сашко Стаменков Каке – Кум на овогодишната традиција

Во обичајот учесниците задолжително со себе водат и магаре за да го носи товарот од она што ќе го соберат по куќите.

Во продолжение погледнете го видео материјалот кој го снимија самите жители на Лески кои денес беа учесници во обичајот „јаренце-пиленце“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*