Рудник САСА обезбеди новогодишен бонус за вработените, пакетчиња за сите деца, како и пакети за социјално-ранливите категории граѓани

Во Македонска Каменица и годинава продолжи традицијата на доделување специјални пакети за лицата и семејствата од социјално ранливите категории. Главен донатор и годинава е рудникот Саса кој покрај специјални пакети и оваа година обезбеди новогодишни подароци за различни групи на граѓани од општината Македонска Каменица и за сите свои вработени. 

-Ова е традиција со која сакаме на социјално ранливите категории на граѓани да им овозможиме да ја почувствуваат топлината и радоста, a најмалите да им овозможи дополнително да ја почувствуваат празничната магија. Во таа насока компанијата обезбеди новогодишни пакетчиња за сите деца од предучилишна и училишна возраст на територијата на општина Македонска Каменица. Пакетчиња добија и сите лица со посебни потреби во локалната заедница, информираа од компанијата.

Ваквата пракса, како што истакна генералниот директор на рудникот Олег Телној, ќе продолжи и во иднина.
-Новогодишните празници се период на дарување и затоа ние во Рудник Саса, сме особено среќни доколку со пакетите, подароците и пакетчиња успеавме да придонесеме сите кои се дел од оваа заедница да ја почувствуваат топлината и радоста што ги носат овие празници. Рудник Саса отсекогаш бил неделив дел од оваа заедница и така ќе остане и во иднина, изјави Телној.

Покрај останатите традиционални новогодишни активности за сите вработените во Рудник Саса, компанијата и оваа година, покрај редовната плата, изврши исплата на новогодишна награда за 2019 година на сите вработени кои покажаа голема трудољубивост, енергија и посветеност во работата и кои како што додадоа дале свој придонес за успешните резултати на компанијата.

На новогодишната ноќ, претставници на менаџерскиот тим на Рудник Саса ги посетија членовите на дежурните тимови на брзата помош, противпожарната единица и полицијата, како и вработените во рудникот кои беа на работните места, на кои им ја честитаа Новата Година и им предадоа пригодни подароци.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*