Хуманитарни активности во Делчево

По повод новогодишните и божиќните празници, во Делчево доделени 30 хуманитарни пакети на семејства кои живеат во социјален ризик. Пакетите ги додели градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски кој истакна дека целта е овие семејства достоинствено да ги поминат празниците.

-Оваа активност се реализира во соработка со компанијата „Зегин“ која како општествено-одговорна компанија, традиционално по повод празниците, доделува хуманитарни пакети, истакна Трајковски.

Со оваа активност како што додава таргетирани се семејства согласно евиденцијата од Центарот за социјални работи од Делчево.

-Со ова сакаме да покажеме дека се грижиме за секој поединец во нашата Општина и имајќи ги предвид актуелните мерки од Владата на полето на социјалата, како локална одговорна власт сакаме да помогнеме овие семејства да излезат од социјалниот ризик во кој живеат и да овозможиме достоинствен живот за сите, додаде Трајковски. 

Овие пакети се едно внимание и порака дека овие луѓе не се заборавени, додадоа од Општината и најавија дека ваквите хуманитарни активности ќе продолжат и во иднина.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*