Предновогодишна лото комбинација на делчевката Татјана Ѓорѓиева и донесе добивка вредна над 3000 евра

Дека Делчевци ги следи среќата покажува примерот на Татјана Ѓоргиева од Делчево која е среќната и единствена добитничка на 6-ка во 69-тото предновогодишно коло на Лото, чија добивка изнесува ни помалку ни повеќе туку 206.439 илјади денари.

Среќната добитничка како што самата изјави за државна лотарија со години игра Лото заедно со семејството, а секогаш уплаќаат по 4 комбинации составени од родендени на најблиските.

Добитното ливче е уплатено од среќното продажно место во Делчево „Вера НБ“, а ова за Татјана е прва добивка со која ќе си ја оствари новогодишната желбата да се поднови со автомобил.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*