Жителите на Расадник кршеа лепче со паричка покрај Бадниковиот оган

На покана на жителите на делчевската населба Расадник вечерва присуствувавме на кршење на лепче со паричка покрај Бадниковиот оган, традиција која како што вели Александар Николовски, иселеник од Расадник, осма година по ред се практикува помеѓу дел од жителите во оваа населба.

-Да се заблагодарам на сите кои се дел од оваа наша традиција која осма година по ред ја правиме, а воедно ја користиме приликата да ги честитаме празниците на сите граѓани. Оваа година решивме ова наше собирање да биде малку поорганизирано со палење Бадников оган. Имаме предвидено и кршење на лепче со паричка, со што ќе го избереме кумот за наредната година, на кој со наша помош ќе му ја доделиме организацијата на овој настан за наредната година, рече Николовски.

Николовски вели дека тоа што повеќето од Расадник се иселени во странство ги натерало да го организираат овој настан.

-Како што сите знаат Македонија масовно се иселува и тоа ни е најголема мотивација, да ја надоврземе традицијата, младите да се собираат помасовно. Овде има околу 50 иселени куќу од нив најмногу по Италија, Австрија, Швајцарија , Италија, Германија и други земји. Оваа година имаме 35 пријавени, но од година во година се зголемува бројот на учесници, додава Николовски.

Паричката од Бадниковото лепче годинава му падна на иселеникот Сашко Арсов.

-Им посакувам на сите православни христијани, среќни празници, се најубаво, здравје среќа, љубов, успеси и се најубаво во Новата година, рече Арсов.

Расадничани организираа и мини огномет, а настанот продолжи со општо народна веселба.

Неколку фотографии од вечерашното палење на Бадниковиот оган во делчевската населба Расадник

Posted by delcevo365.mk on Sunday, 5 January 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*