КУД ,,Гоце Делчев” ги прогласи најдобрите за 2019 година

На завршен Новогодишен коктел Културно-уметничкото друштво Гоце Делчев ги прогласи најдобрите за 2019 година, а беа доделени и благодарници за членовите на младинските категории.

За најдобри играорци за 2019 година беа прогласена Магдалена Георгиевска и Синиша Петровски, додека од повозрасните играорци кои своевремено биле дел од друштвото награда доби Александра Манова Георгиевска. Благодарници и признанија беа доделени и на поранешни членови и истакнати поединци кои дале свој придонес кон афирмација на делчевското културно-уметничко друштво.

Наградите беа доделени од страна на претседателот на КУД ,,Гоце Делчев” Виолета Арсова и Зенил Реџепов, човекот под чие раководство друштвото неодамна одбележа 45 години постоење.

Еве како изгледаше чинот на доделување на наградите и беспрекорните изведби на македонските народни ора од страна на играорците на КУД ,,Гоце Делчев”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*