Рестораните во Македонија – хит меѓу благоевградчани за Новата година

Делчево, Берово, Пехчево и Струмица и оваа година беа најпочитуваните градови од страна на жителите на Благоевград кои Новата 2020 година ја дочекаа во некој од рестораните во овие македонски градови.

Според благорвградски портал, како причина за кажаното благоевградчани ја навеле добрата услуга, неограничените количества храна и алкохол кои влегувале во новогодишните менија.

За нив евтините цени биле мошне привлечни, наспроти цената која во бугарските ресторани се движела од 60 до 120 лева и притоа уште толку би потрошиле поради оскудната понуда на алкохол и месо која ја имале во рамки на новогодишното мени.

Оние поимотните Бугари, новогодишната ноќ според порталот ја дочекале во Турција каде за понуда од 330 лева имале ексклузивна вечера на брод на Босфорот, екскуриска програма во Истанбул, ноќевање и патни трошоци.

Целиот текст на следниот линк https://bit.ly/35mnNQl !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*