Стаменковски со 4 медали се враќа од Street workout турнирот во Ваљево

Најуспешниот македонски Пауер-лифтинг и „Стрит воркаут“ натпреварувач Бошко Стаменковски од Македонска Каменица освои 4 медали на Меѓународниот новогодишен турнир кој денес се одржа во Ваљево, Србија. Два од вкупно 4 медали кои што ги освои каменичанецот се златни медали, што според Стаменковски е добар резултат на почетокот на Новата 2020 година.

-Златен медал освоив во правење склекови, дисциплина во која подолго време сум несовладлив. Исто така освоив злато во ,,пауер-кат”, додека другите два медали кои ги освоив се бронзени. Првиот во дисциплините правење стомачни додека вториот во таканаречената дисциплина ,,згибови”. Задоволен сум од постигнатиот успех и очекувам добри резултати во ноите понатамошни настапи, истакна Стаменковски.

Друштво на ова натпреварување на Стаменковски му прави вториот македонски претставник Атанас Дебников.

На Меѓународниот новогодишен турнир во Ваљево настапија најдобрите натпреварувачи во Стрит воркаут од неколку балкански земји.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*