Бадникова поворка по втор пат во Делчево

Втора година по ред во Делчево се одржа Бадникова поворка. Во поворката учествуваа околу стотина дечиња на кои им се придружија родители и заинтересирани граѓани со што низ делчевските улици се пееше „Вечниот Бог“, на тој начин навестувајки го Христовото раѓање – Божик. 

-Носејќи во раце златни ѕвездички и пештера што е симбол на витлеемската пештера, во која е роден Исус Христос и пеејќи ја песната “Вечниот бог“, децата седвижеа низ градските улици почнувајки од црквата„успение на пресвета Богородица“, до парклисот посветен на свети Климент Охридски и повторно назад до црквата, истакнаа од црквата по повод денешниот настан.

По завршувањето на поворката, децата добија пригодни подароци кои црквата ги обезбеди со помош на хумани граѓани и општествено одговорни фирми од Делчево.

Претходно во црквите во Делчево се одржа утринска богослужба на кој граѓаните масовно присуствуваа притоа кршејки Бадникови гранчиња од Божиќната пештера. Од свештенството ги поканија присутните да присуствуваат на утрешната богослужба по повод Христовото раѓање – Божик.

Бадникова поворка

Posted by delcevo365.mk on Monday, 6 January 2020

Бадникова поворка 2020

Posted by delcevo365.mk on Monday, 6 January 2020

Доделување подароци за учесниците во Бадниковата поворка

Posted by delcevo365.mk on Monday, 6 January 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*