Доделена парична награда на првороденото бебе во Делчево за 2020 година

Општина Делчево ја продолжи традицијата на доделување награда за првороденото бебе и во 2020 година. Наградата која за секое првороденче изнесува 10 илјади денари ја додели делчевскиот градоначалник Горан Трајковски, кој денес го посети малиот Нино, кој е прва рожба во домот на семејството Наталија и Горан Илиевски од делчевското село Бигла.

-Денеска го посетивме домот на семејството Илиевски на кое му ја честитавме радоста. Општина Делчево и годинава издвои 10.000 денари за малиот Нино, кој согласно со информацијата од матичните гинеколози од Здравствениот дом и Службата за превенција и имунизација е првото родено новороденче во 2020 година, рече Трајковски.

Малиот Нино Илиевски се роди на 1 јануари 2020 година во 10:25 часот во штипската болница и е првиот жител на Делчево во 2020 година.

Општина Делчево за новороденчиња во Општината исплаќа по 3 илјади денари еднократна парична помош и 10.000 денари за првото новородено во годината. Минатата година по овој основ се исплатени 316.000 денари за 102 новороденчиња во Општината.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*