Зголемен паричниот износ за првороденчиња во Берово

Градоначалникот на Општина Берово додели ваучер од 6 илјади денари за првороденото дете во општината. Дополнително, семејството Алимановски ќе добие и средства во износ од 5.000 денари, согласно програмата за социјална заштита, во насока на поттикнување на наталитетот во општина Берово.

Посетувајки ја малата Хана, која е првородено дете во домот на Танкица и Рамче Алимановски, Пекевски изрази надеж дека во Новата 2020 година ќе се зголеми наталитетот во Берово.

-Ние како општина се трудиме да дадеме силен поттик на младите брачни парови, за зголемување на наталитетот. Во таа насока го зголемивме износот на средствата за секое новороденче, чии родители се жители на општина Берово, од досегашните 3.000 на 5.000 денари, додека првороденото дете го следува и ваучер од 6 илјади денари, истакна Пекевски.

Првото родено бебе во Берово за 2020 година е тешко 2,5 килограми и долго 47 cm, а на свет дојде неколку часа по полноќ, на првиот ден од новата 2020 година, во штипската болница.

Неколку денови после првороденото, се родени уште две деца, што според локалните власти навестува добра година кога во прашање е наталитетот во Општина Берово.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*