Појаснување од овластениот инспектор за животна средина околу вчерашното испуштање бела течност во река Брегалница

Во врска со вчерашната информација на делчевските риболовци кои алармираа за испуштање бела течност во водите на река Брегалница, денес добивме појаснување од страна на надлежниот општински инспекторат кое ви го пренесуваме во целост.

Млекара Млечна индустрија која има свој капацитет во Делчево, согласно законот за заштита на животната средина и уредбата за дејности и активности со која се бави и занимава има изготвено елаборат за заштита на животната средина и е должна да се придржува кон истиот, што значи дека споменатиот субјект треба да има таложник за испуштање на одводни води.

Што е причината за вчерашната настаната состојба?

-Пред околу три месеци од млекарата беа задолжени да го исчистат таложникот и тие тоа го направија. Но поради водата која периодично се додава во таложникот, најверојатно дошло до прелевање и повторно е забележана слична состојба. На ден 9 јануари 2020 година (денес) овластениот општински инспектор за животна средина, изврши вонреден инспекциски надзор, при што е наложено таложникот да биде исчистен, притоа е побарано за случајот да биде ангажирана стручна фирма која ќе го исчисти таложникот веднаш. Освен тоа повторно укажавме дека таложникот треба да се чисти најдоцна по три месеци повторно, истакнаа од општинскиот инспекторатот за животна средина во Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*