Реализирана првата крводарителска акција за 2020 година во Делчево

Со масовно учество на граѓанството денес во Делчево се реализираше првата крводарителска акција за 2020 година. Акцијата ја организираше Општинската организација на Црвен крст во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Штип. Доктор Борче Панов кој со својот тим ја реализираше акцијата изрази задоволство од масовниот одзив на граѓаните.

-Задоволни сме од одзивот на вашите согрѓани, очекуваме околу 50 крвни единици да собереме. Упатувам голема благодарност до сите кои ја испружија раката и даруваа крв во рамки на денешната акција, истакна Панов.

Ивана Атанaсовска в.д секретар на Општинската организација, рече дека со тоа што е исполнет планот за изминатата 2019 година, кога е крвдоарувањето во прашање, очекувањата се  тоа да се случи и во 2020 година.

-Во изминатата година годишниот план за работа беше исполнет во целост. Еве годината започна успешно и денес, така што очекуваме и во 2020 година да ја повториме таа бројка, рече Атанасовска.

На денешната акција учествуваа граѓани кои над 60 пати дарувале крв. 

-Се викам Виктор Цеков и имам дарувано крв повеќе од 60 пати. Секој пат кога се дарува крв имам чувство дека некому му е потребна и сум помогнал на некој начин. Прв пат дарував во 4 година гимназија, но не беше само за оправдание, туку за помош. На оние кои не дарувале им порачувам дека некогаш е убаво кога може некому да се помогне рече Цеков.

Хуманоста на дело денес ја покажа и претседателката на Црвен крст Делчево, Билјана Георгиевска која беше активен учесник во првата крводарителска акција за 2020 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*