Четириесет милиони денари за реализација на проекти преку Министерството без ресор во 2020 година

Министерството без ресор во тековната 2020 година ќе има на располагање 40 милиони денари за реализација на проекти во неколку општини во државата. Ова денес од Берово го најави Министерот без ресор Музафер Бајрам кој заедно со пратеникот Самка Ибаримовски направи увид во изградбата на првата фаза од улицата Прохор Пчињски во Берово која се градеше со средства во висина од 3 милиони денари. 

-Средствата за изградба на оваа улица, се обезбедени од кабинетот преку Министерството за транспорт и врски и истите се во висина од околу 3 милиони денари. Како што може да видите има разлика во однос на улицата од пред една година, многу е подобрен пристапот на жителите кои нема веќе да газат кал, истакна Бајрам.

За оваа година министерството без ресор располага со 40 милиони денари од кои како што изјави пратеникот Самка Ибраимовски се предвидени и средства за втората фаза од доизградбата на улицата Прохор Пчињски.

-Со ребалансот на буџетот очекувам зголемување на овие средства од 40 милиони денари, со што очекувам дел од нив да бидат искористени и за втората фаза од доизградбата на оваа улица. Ова секако е резултат на добрата соработка помеќу министерството и општините и се надевам дека беровчани се задоволни од овие наши залагања на партијата ПЦЕР за реализација на проекти во делот на инфраструктурата, додаде Ибраимовски.

Со овие активности Градоначалникот на Берово Звонко Пекевски очекува постепено решавање на пробелмите на граѓаните кои живеат во таканареченото ромско маало во Берово.

– Се надевам дека со заложбата на Министерството ќе ја доизградиме целосно оваа улица, а потоа постепено ќе ги решаваме  и останатите проблеми на граѓаните од овој дел на градот, рече Пекевски.

Претставникот на Ромактед програмата Ферди Исмаили кој исто така се сретна со градоначалникот Пекевски, упати порака дека сите кои сакаат да работат со претставници на ромската заедница, треба да го следат овој пример кој покажува како треба да се решаваат проблемите на луѓето .

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*