Дваесет деца Роми од предучилишна возраст ослободени од плаќање партиципација

Усвоена одлуката за ослободување од партиципација на 20 деца Роми на возраст од 3 до 6 години за престој во Детската градинка ,,Весели Цветови”. Одлуката пред делчевските советници како 27 точка на дневен ред ја образложи советникот за образование социјална и здравствена заштита на децата Ванчо Новоселски.

-Партиципацијата за ослободување на споменатата категорија деца ќе биде поддржана од Општина Делчево во период од 1 јануари до 31 август 2020 година, односно 8 месеци. Согласно договорот меѓу МТСП, Фонд за поддршка на Роми Будимпешта на државно ниво со оваа мерка ќе бидат опфатени 450 деца Роми од неколку општини, рече Новоселски.

Одлуката беше изгласана со 13 гласа ,,ЗА” и 1 глас ,,ПРОТИВ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*