Поради ризик од пожари апел да престане појавата на палење стрништа во Малешевијата

Надлежните со апел до граѓаните од малешевскиот регион да не ги палат стрништата и сувата трева, бидејќи често пати тоа предизвикува пожар на отворен простор.
Апелот доаѓа откако во атарот на неколку села во пехчевско се забалежани ваквите појави, а најголем дел од нив во близина на куќите во селските средини.

-Сакаме да апелираме до граѓаните да внимаваат ипри палењето стрништа, бидејки секое едно невнимание може да биде фатално и по околината или не дај боже по граѓаните. Сами знаеме што се случи минатата година кога на почетокот на годината имавме многу пожари кои беа немилосрдни кон човековата околина, алармираат надлежните.

Освен апелот надлежнните предупредија и на високите казни кои се движат и до 5000 евра.

-Палењето оган на отворено е забрането и затоа се предвидени и високи парични казни, што се движат од 500 до 5.000 евра, а покрај тоа сторителите треба да ја надоместат и штетата за доаѓањето на ТППЕ да ги гасне пожарите, дополнија од службите за вакви интервенции.

Во првите месеци од минатата година Малешевијата беше на удар на пожарите, при што најголем дел од нив беа забележани на појасот која ги дели општините Пехчево и Берово. Во најголем дел од случаите гореше дабова шума со предизвикана штета од неколку илјади хектари.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*