
Општина Берово воведува нови мерки предвидени во програмата за социјална заштита за 2020 година. Како што истакна градоначаникот Звонко Пекевски, согласно предвидените средства од буџетот, во 2020 година предвидена е поддршка за сите категории граѓани.
-Со цел парите од Буџетот да се вратат директно кај граѓаните согласно програмата за социјална заштита за 2020 година, предвидени се неколку мерки со кои граѓаните ќе бидат дирекни корисници на буџетски средства. Меѓу тие мерки ќе ги напоменеме, стипендиите за талентирани ученици, субвенционирањето на учениците од прва година кои своето образование ќе го продолжат во гимназијата ,,Ацо Русковски”, субвенционирање на првачињата на почетокот од учебната година, како и грижа и поддршка на старите лица, истакна Пекевски.
Во програмата за социјална заштита за 2020 година, како што дополни предвидени се финансиски средства во вредност од 2000 денари за секое прваче, за секој ученик во прва година кој своето образование ќе го продолжи во Берово, како и дополнителни средства за одлични ученици, кои постигнале врвни резултати на републички и меѓународни натпревари.

-Истовремено, општина Берово, покажува грижа и за највозрасната популација, при што предвидени се и средства за зголемување на капацитетот на домот за стари и за давање сервисни услуги на стари лица во домашни услови, дополни Пекевски.
Од општината со овие мерки очекуваат да се подобри животот на сите категории граѓани во општествената заедница.
Leave a Reply