Ауди 80 изгоре на магистралата Берово – Струмица

Запалено возило денес околу 15:00 часот предизвика краток прекин во сообраќајот на патниот правец Берово – Струмица. Очевидци информираа за голем пламен кој можел да се забележи во околината на запаленото возило.

-Несреќата ја забележавме додека возевме во правец од Струмица кон Берово. Возилото од марката Ауди 80 целосно беше во пламен се наоѓаше на десната страна од коловозната лента, додека возачот и патниците беа надвор од автомобилот, информираа очевидци.

Како што додаваат надвор од возилото имало вкупно четири лица кои разговарале на телефон и најверојатно барале помош истото да биде отстрането од коловозот.

Видео од местото на несреќата ни испратија наши читатели кои успеале да снимат дел од она што се случуваше на споменатата магистрала во 15 часот.

Ауди 80 изгоре на магистралата Берово – Струмица

Ауди 80 изгоре на магистралата Берово – Струмица

Posted by delcevo365.mk on Saturday, 11 January 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*