Во Пехчево и Благоевград ќе се идентификуваат и мониторираат контаминирани почви преку користење на иновативна методологија

Здружението Амброзија од Пехчево во партнерство со Кластерот за обновливи извори на енергија од Благоевград, во рамки на програмата за прекугранична соработка Република Северна Македонија-Република Бугарија го започна спроведувањето на проектот за идентификација и мониторинг на контаминирани почви преку користење на иновативна методологија.

Координаторот Јасминка Пашалиска Андоновска истакна дека проектот е насочен кон проценка на специфичните потреби на регионот за мапирање на постоечките и потенцијални загадувања на почвите.

– Една од целите е подигање на свеста за состојбата со почвените ресурси во Бугарија и Република Северна Македонија, како и поефикасно управување со почвите. Специфичната цел на проектот е да овозможи спроведување на еколошки скрининг и мониторинг на почвите со користење на иновативна методологија, како пилот алатка за анализа.

Главниот дел од активностите како што додава ќе бидат насочени кон четири специфични зони.

– Две од овие зони се во индустриски загадени области и две во заштитени/зачувани подрачја од прекуграничниот регион, каде после изборот на конкретни локации, ќе се поставуват  места за тестирање и планирање на мрежата за скрининг на почвата, во согласност со специфичните потреби на регионот, додава Пашалиска Андоновска.

Како додадена вредност на проектот сe очекува заедничкиот развој на нова алатка која, ќе според имплементирачките организации би ги подобрила стандардните методологии и процедури во однос на заштита на почвата, кои се применуваат од страна на еколошките институции и локалните и регионалните власти во двете држави.

Во рамки на проектот кој ќе се реализира за период од 15 месеци, веќе е во тек првичната анализа на состојбата со почвите во прекуграничниот регион, како и набавка на специфична опрема со која ќе се имплементира методологијата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*