Објавен јавниот повик за доделување финансиски средства на граѓанските здруженија во Делчево

Општина Делчево го објави јавниот повик за доделување финансиска помош на здруженија на граѓани од Општина Делчево за 2020 година. Годинава во буџетот, како што информираа од општината, се предвидени 400 илјади денари за оваа намена.

– Оваа сума се однесува и на средствата наменети за спортските здруженија и клубови, во Буџетот на Општина Делчево за 2020 година за што се предвидени 1 милион и 250 илади денари. Согласно со правилникот за условите, начинот и постапката за доделување финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани, право на учество на повикот имаа сите граѓански здруженија кои се регистрирани на подрачјето на Општина Делчево, а приоритетни области и цели за финансирање проектни и програмски активности  се локалниот економски развој, техниката, образованието, културата, уметноста, социјалната заштита и заштитата на животната средина, информираа од општината.

Предност како што додадоа ќе имаат настани кои се спроведуваат на територијата на Општина Делчево.

-Право на учество имаат сите здруженија на граѓани кои се регистрирани во согласност со Законот за здруженија и фондации, најмалку 2 години пред објавувањето на повикот и да дејствуваат на територијата на Општина Делчево, додадоа од општината.

Пријавата заедно со документација се доставува до архивата на Општина Делчево, по пошта или во електронска форма, а рокот за пријавување е 15 дена сметано од 13 јануари 2020 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*