Излезе од печат ,,Плашила покрај патот” од Миле Ѓорѓијоски и Витомир Долински

Излезе од печат ,,Плашила покрај патот”, заедничко издание на дојаените на македонската сатира Миле Ѓорѓијоски и Витомир Долински. Како што информираше Ѓорѓијоски, книгата содржи избор од преку 600 афоризми од двајцата автори. 

-Автори на кориците се познатите македонски карикатуристи Јордан Поп Илиев и Миро Георгиевски, додека издавач на книгата е Домот на културата “Тошо Арсов”. Ова е прва од серијата книги во кои со свои афоризми ќе се претстават најеминентните македонски сатиричари и воедно е седма книга од едицијата Балканска сатира, информира Ѓорѓијоски.
Додава дека ова е прва заедничка книга на двајцата автори.

-Ова е прва моја заедничка книга, инаку вкупно 30-та, додека на колегата Витомир Долински е негово 5-то дело. Промоции на ,,Плашила покрај патот” во наредниот период ќе се одржат во Виница, Кичево, Скопје, Струга и Лазаревац, Р Србија, додаде делчевскиот сатиричар со кичевски корени.

Првото издание на книгата ,,Плашила покрај патот” е подготвувана за фестивали за хумор и сатира во соседна Србија и е наменета за српското говорно подрачје, а во скоро време авторите најавуваат и издание на Македонски и Руски јазик.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*