Продолжува стогодишната традиција за Сурова во село Ѕвегор

Со посета на домовите на жителите на село Ѕвегор, денес во раните утрински часови започна василичарскиот обичај Ѕвегорска Сурова, традиција стара над 100 години која завршува со откривањето на невестата која е главна маска на карневалот.

Суроваскарите меѓу останатите куќи ја посетија и куќата на овогодинешниот кум, кој е задолжен за организацијата на заедничката веселба, која заедно со традиционалната суроваскарска вечера се организира во селскиот дом.

За кумот Ѓорѓи Манов најважно е што и годинава обичајот продолжи во духот на она што од секогаш било карактеристично за Ѕвегорска Сурова.

-Денеска е 14 јануари Василица или Сурова на наш дијалект кажано. Правиме голем фестивал или да го наречам обичај кој започнал пред  100 години и трае и ден денешен. Задоволен сум таа година од маскираните учесници во Ѕвегорската Сурова. Вечерва ги поканувам сите граѓани да дојдат на заедничката забава, да се провеселиме и да ја продолжиме традицијата, истакна Манов.

За тоа како се изведувала Сурова порано, во кратки црти раскажува старосватот во годинешниот обичај Живко Гошев.

-Имаше време кога за време на Сурова се криевме од полицијата, тие не го гонеа по селото за да не се одржува. Инаку традицијата е од одамна од турско, порано ноќе не смеело да се оди на Сурова, не давале Турците и затоа веќе години наназад Сурова се одржува преку ден. Јас порано одев, но остарев и тоа им го препуштив на помладите, рече Гошев.

Белаците се една од позначајните маски на Ѕвегорска Сурова покрај невестата. Тие ја чуваат да не биде откриен предвреме бидејки на тој начин обичајот завршува. Годинава како што истакна учесник во традицијата кој ја има улогата на „Белак“ на Сурова учествуват над 40 различни маски.

-Имаме над 40 маски, Белаци, Цигани, Мечка, Мечкар, меѓу другото и собирачи на она што ќе го дадат домаќините, а што ќе биде на трпезата на вечерашнава забава. Моја задача како Велак е да ја бранам невестата да не ја откријат, зошто ако ја откријат Сурова не е успешна. Упатувам порака до младите да учествуваат се помасовно и да ја продолжат оваа традиција, истакна учесник во карневалот.

 -Мојата маска е млада циганка со бебе, како што кажав и претходно на младите ќе им порачам да учествуваат и да ја продолжат традицијата се додека постои човештвото, истакна најстариот учесник Иван Гоцевски.  

Ѕвегорци останаа да го бркаат злото од селото кое е едно од верувањата поврзано со овој обичај се до моментот на откривањето на невестата, по што ќе продолжи заедничката веселба помеѓу учесниците во овогодишниот василичарски обичај. Покровител на годинешната Ѕвегорска Сурова е МАНОВ ДОО.

Изјавите и сегменти од годинешната Ѕвегорска Сурова 2020 во продолжение:

Маските од Ѕвегорска Сурова 2020 во посета на куќата на кумот Ѓорѓи Манов

Маските од Ѕвегорска Сурова 2020 во посета на куќата на кумот Ѓорѓи Манов

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, 14 January 2020
Сегменти од Ѕвегорска Сурова 2020 – Суроваскарите кај кумот Ѓорѓи Манов

Сегменти од Ѕвегорска Сурова 2020 – Суроваскарите кај кумот Ѓорѓи Манов

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, 14 January 2020
Сегменти од Ѕвегорска Сурова 2020!

Сегменти од Ѕвегорска Сурова 2020!

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, 14 January 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*