Црвен Крст Делчево и ПСК „Голак“ го одбележаа Светскиот ден за безбедност во планина

Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден за безбедност во планина денес во организација на Општинската организација на Црвен Крст – Делчево и Планинарски-спортски клуб Делчево се одржа едукативно предавање на тема „Безбедност, опасности и ризици во планина“.

На едукативната работилница, како што истакна Љупчо Чучуковски, претседател на ПСК „Голак“, учествуваа волонтери од Црвен крст Делчево, од кои еден дел се и членови на планинарскиот клуб од Делчево.

-Во рамки на денешната активност која се реалиираше со посредство на секретарот на Црвен крст Делчево, Ивана Атанасовска, реализиравме заеднички показни вежби на тема „Повреден во планина“. На предавањето и показните вежби учествуваа 23 волонтери при младинската секција на ОО Црвен Крст Делчево, од кои еден дел се и членови на младинската секција на ПСК „Голак“ Делчево, истакна претседателот на ПСК „Голак“ Љупчо Чучуковски.

Активноста како што додаде се реализираше во рамки на потпишаниот меморандум за соработка помеѓу ПСК „Голак“ Делчево и ОО на Црвен крст Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*