Прес на Влатко Величковски – претседател на СДСМ Делчево

Претседателот на СДСМ Делчево, Влатко Величковски денес одржа прес-конференција на тема Здравство. Текстот од денешната прес-конференцијата интегрално ви го пренесуваме во целост.

……………………………………………………….

Почитувани

Откако СДСМ е на власт, во здравството се инвестира како никогаш досега.Како во човечки реусрси, така и во инфратруктура, технологија и надградени и подобрени законски акти и нормативи.

Постигавме рекордно зголемување на платите на здравствените работници и соработници.

Кумулативно, заедно со сите зголемувања досега, вклучително и зголемувањата кои ќе се случат во месец февруари 2020 година, основната плата на лекарот специјалист ја зголеивме за 40 проценти, на медицинските сестри за 20-23%, На општите лекари платата ја зголемивме за 25 проценти, а на здравстевните соработници за 15 проценти. За здравствената администрација обезбедивме покачување од 5%, и 5% покачување за платите за помошниот технички персонал.

Само со повисоки плати, инвестиции во здравствена инфраструктура и нови технологии како и во максимална гриѓа за вработените во овој сектор ќе го задржиме медицинскиот персонал во јавното здравство и на пациентите ќе им понудиме квалитетна и ефикасна здравствена заштита.

За прв пат после децении, оваа година ќе започне изградбата на комплетно нов Државен Клинички Центар, со површина од 105.000 м2, вреден 500 милиони евра. Круна на кпиталните инвестиции во здравството и Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.

Меѓу инвестициите во здравствената инфраструктура и платите на вработените, не се единствените мерки во кои Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев работеше во изминатиот период.

Силно и рекордно се инвестираше и во доусовршување и надградување на поетоечките лекари во државата. Согласно програмата на Владата за потребите на специјалистички и субспецијалситички кадар, обезбедени и одобрени се рекордни 931 специјализација и 68 субспецијализации во наредните две години.

Денес здравството во Македонија е постабилно од било кога со инвестиции во здравствена инфратсруктура и нови технологии повеќе од било кога и со највисоки плати досега во историјата на Република Северна Македонија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*