Виничани се организираат за помош на опожареното семејство Симонски од село Блатец

Виничани се организираат за помош на опожареното семејство Симонски од село Блатец. Преку 50.000 евра е првичната неофицијална проценка од штетата која ја предизвика пожaрот во двете семејни куќи во с,Блатец, на браќата Глигор и Јован Симонски, пожар кој завчера во раните утрински часови избувна и целосно го уништи домот на постариот брат Јован, а огромна е штетата и во куќата на помладиот брат Глигор кој денес пристигна од Германија.

Првична помош за семејството Симонски пристигна од виничкиот градоначалник Ивица Димитров денес им понуди конкретна помош на семејствата и побара од нив да отворат жиро сметки за да може граѓаните со своја донација да помогнат во обновувањето на домовите на Симонски.

Деновиве се очекува да се организираат и акции со кои би се помогнало да се санираат штетите и да се преземат конкретни мерки за подршка на овие две фамилии.

Од Територијалната противпожарна единица во Виница која интервенирала со 10 пожарникари и 4 цистерни велат дека пожар од вакви размери одамна не се памети на овие простори.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*