Прес на ОО СДСМ Делчево

Ви го пренесуваме интегралниот текст од денешната прес-конференција на Општинската организација на СДСМ Делчево

……………………………………………………………………

Почитувани сограѓани,

Политиките на Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев, придонесоа за силен импакт во социјалата. Со сите донесени мерки и законски решенија се постигна огромен резултат во социјалната сфера и социјално ранливите категории.

Мин.за труд и социјална политика започна со имплементација на проектот за подобрување на социјалните услуги (ППСУ),со финансиска поддршка од Меѓународната банка за обнова и развој,со што се обезбедени 10,8 мулиони евра .Како никогаш порано имаме три пати зголемена социјална помош за корисниците и социјлни пакети со кои што ја намалуваме сиромаштијата.

Сега имаме во просек за три пати или 300% зголемена социјална помош за корисниците и социјални пакети со коишто ја намалуваме сиромаштијата, но и   26 % зголемени плати на социјалните работници коишто ја имплементираат реформата. Дел од овие работници работат со лица со тешки попречености и немаа покачување на платите повеќе од 15 години и работеа за минимална плата. Ваквата состојба сега е променета.

Со новиот закон за социјална заштита од 23.05.2019 г. детскиот додаток место досегашните 3.200 деца ќе го користат 73.500 деца, а образовниот наместо 3.800 деца,ќе го користат 64.316 деца. Воведуваме и социјална сигурност за стари лица кои останале без старосна пензија и немаат други извори за егзистенција. Со реформата воведуваме блиска работа на социјалните тимови со секој поединец и семејство се до конечно извлекување од социјален ризик,односно до нивно вработување.За дополнително да го олесниме животот на биолошките семејства на лицата со попреченост,го зголемуваме износот на правото на посебен додаток за 15%.

Во насока на подобрување на благосостојбата на децата, Министерството за труд и социјлна политика спроведува сеопфатна реформа на системите за социјална и детска заштита, па така со социјалната реформа пристапот до детскиот и образовниот додаток се зголемува за 20 пати, односно за прв пат, системот го отвораме за лица со ники примања. Наша крајна цел е да ја намалиме детската сиромаштија, која во моментот изнесува близу 30%. Така додатоците за семејства со деца кои живеат во сиромаштија се зголеми за повеке од 100%.

Со законот за социјална сигурност на стари лица кој што е дел од социјалната реформа и веќе стапи на сила,социјално ги обезбедуваме лицата над 65 години кои што немаат други извори на егзистенција.Месецниот надоместок за овие лица изнесува околу 6000 денари а се очекува правото да го искористат околу 6000 лица.
Воведуваме и траен надоместок за родител,кој се грижел за дете со попреченост до неговата 26 година без да го смести во институција.

Користењето на правото за попреченост со новиот закон се проширува и за лицата со интелектуална попреченост,додека додатокот за надоместок за плата за скратено работно време за родител кој чува дете со попреченост се зголемува до 50% од просечната плата.Се воведуваат две целосно нови услуги за лицата со попреченост-Лична асистенција и услугата Домашна нега.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*