Хуманитарни активности на ПСК „Голак“ Делчево

Претседателот на планианрското спортско друштво „Голак“ од Делчево, Љупчо Чучуковски, ја реализираше најавената иницијатива, со која со поддршка на група рекреативци од Скопје обезбеди донација за седумчлено семејство од делчевско. Донацијата која се состои од сето она што е потребно за едно семејство кое има и 5 дечиња, денес од страна на претседателот на ПСК „Голак“ беше доставена во нивниот дом.

-Од моја страна денес на седумчлено семејство од делчевско им ја предадов донацијата која се состои од облека, детски играчки, кебиња, постелнина, сликовници, боенки, детски обувки, теписони, комода, ранци, столици, кревети на расклопување, завеси, ѕиден часовник, хигиенски препарати, поголема количина на храна како и 6200 денари парични средства, кои беа собрани и испратени од страна на моите прекрасни пријатели од рекреативното друштво „Вљубеници во природата“ од Скопје. Голема благодарност до одговорното лице на ова друштво Глигор Уруомов, кој многу ми помогна оваа моја иницијатива да се реализира, рече Чучуковски.

Во наредните денови, како што додава делчевското семејство како помош, ќе добие и електрични апарати за домаќинството.

-Очекувам овие кујнски апарати за домаќинството да пристигнат од Скопје, по што истите ќе бидат доставени во домот на семејството.Голема благодарност до сите кои помогнаа во реализација на оваа активност, особено до фирмата Фротирка Делчево,кои како и секогаш така и сега ми помогнаа за транспорт на донацијата од Скопје до Делчево, додаде Чучуковски.

Од ПСК „Голак“ додадоа дека ваквите хуманитарни активности со донација на средства и во други семејства од социјален ризик ќе продолжат во наредниот период.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*