Прес на претседателот на СДММ Делчево, Никола Тренчевски

Претседателот на СДММ Делчево Никола Тренчевски денес одржа прес конференција, Во продолжение интегрално текстот од истата.

……………………………………………

Почитувани сограѓани, почитувани млади

Собранието на Република Северна Македонија го донесе законот за младинско учество и младински политики.

За првпат во нашата држава се носи закон, со кој се дефинира категоријата млади во државата, формите на младинско учество и претставување, регистар на форми на младинско организирање, политики и сервиси за млади.

Со овој закон се креираат механизми кои ја гарантираат вклученоста на младите во процесите на одлучување.

Од следната година во секоја државна и локална институција младите ќе ги пречекува „службеник за млади“ кој ќе им ги одговара прашањата од доменот на неговата институција, како на пример за самовработувањето, за програмите во министерствата и сè што ги интересира, а досега немало кој подробно да им го објасни. Овие работни места се предвидени со новиот Закон за млади.

Во секоја општина ќе има и канцеларија за млади и младински центри, кои е предвидено да бидат мултифункционални и да служат за дебати и работилници.

За првпат официјално, младинските организации, партиските подмладоци и чадор организациите ќе ја советуваат Владата какви политики да носи и на што да се фокусира, за што се формира Национално советодавно тело на млади, во кое ќе учествуваат девет младински претставници и осум претставници на владините ресори.

Со носењето на овој закон, владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија уште една покажа дека младите и овозможувањето подобри услови за работа и живот на младите во сопствената држава се нејзин приоритет.

Владата на СДСМ работи и ќе продолжи да работи исклучиво во интерес на младите во нашата држава затоа што само така сме на правиот пат.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*