Васко Панчовски по втор пат го извади светиот крст од водите на река Брегалница во Делчево

Нова среќа за делчевецот Васко Панчовски кој денес од водите на река Брегалница по втор пат го извади чесниот крст по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици.

На христијанската традиција и претходеше црковна богослужба, осветување и лицитација на иконите за скокање по крстот во водите на река Брегалница беа пријавени 30 тина кандидати. Најсреќниот меѓу нив беше Васко Панчовски на кој од седмиот обид ова му е втор пат да го фати крстот.

-Ова е седми обид да го фатам крстот. Еве денес имав среќа пак да бидам најсреќниот. Да сме здрави и живи, им го честитам празникот на сите граѓани и им посакувам среќа и здравје, рече Панчовски.

Од страна на општина Делчево, Панчовски доби награда во вредност од 10 илјади денари додека компанијата „Зегин“ му додели телевизор.

-Нека му е честито фаќањето на крстот на Васко. Му посакуваме долг живот и добро здравје, Воедно денешниот празник им го честитаме на сите православни христијани. Исто како и претходните години и оваа година како награда за среќниот фаќач на крстот од општината доделуваме парична награда во висина од 10 илјади денари, рече делчевскиот градоначалник Горан Трајковски.

Света икона, Панчовски доби и од црквата „Успение на Пресвета Богородица во Делчево. Чинот на фрлањето на крстот во водите на река Брегалница го проследија околу 5000 граѓани на Делчево и околинатa.

Васко Панчовски по втор пат го извади светиот крст од водите на река Брегалница во Делчево

Васко Панчовски по втор пат го извади светиот крст од водите на река Брегалница во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Sunday, 19 January 2020

Бог се јави, Навистина се јави!,..Честитки до сите учесници кои беа дел од годинешното фрлање по чесниот Крст во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Sunday, 19 January 2020

Васко Панчовски го фати чесниот крст во Делчево – изјави

Posted by delcevo365.mk on Sunday, 19 January 2020
Васко Панчовски по втор пат го фати Чесниот Крст во Делчево

Васко Панчовски по втор пат го фати Чесниот Крст во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Sunday, 19 January 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*