Горан Вангелов прв до Светиот Крст во Берово

 Беровчанецот Горан Вангелов е најсреќниот, помеѓу 30 тината учесници, кој го фати светиот крст во водите на реката Брегалница во Берово, при денешното чествување на големиот празник, Богојавление-Водици.
Беровскиот градоначалник, Звонко Пекевски му посака многу среќа и успех на Вангелов, и на сите учесници им порача, истата среќа да ја имаат следната година.

-Општината ја поддржува традицијата, искрени честитки за сите кои се охрабрија и покрај ладното време да влезат во водите на Брегалница, на сите беровчани им посакувам да ги следи здравје и среќа. Најбитно денеска е мотивот и вербата на овие бројни млади момци, кои учествуваа во фаќањетот на светиот крст- додаде Пекевски.

Вангелов очекува здравје и среќа да го следи годинава.

-Чувството е прекрасно, а здравјето е најважно за секој еден човек. Ми беше чест да учествувам за традицијата на Водици, рече Вангелов.

Среќниот фаќач на крстот од општината доби 6.000 денари како и телевизор кој го додели општествено одговорната компанија Зегин. 
Чинот на осветување на водите, го водеа свештениците од црквата во Берово.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*