Гоце Атанасовски го извади крстот од осветените води на Каменичка Река

Помеѓу дваесетината момчиња кои денес во чест на Водици скокнаа по светиот Крст во водите на Камеичка Река во Македонска каменица најсреќен и највешт беше Гоце Атанасовски. Од страна на локалните власти среќниот фаќач на крстот доби и соодветни подароци.

-Осветувањето на водите на Каменичка Река по повод Богојавление- Водици го следеа повеќе од илјада верници. На сите граѓани има посакуваме донбро здравје среќа и успех да ги прати во Новата година.  На највештиот кој денес го извади чесниот крст од водите на Каменичлка река му доделивме златник и пригодни подароци, информираа од општина М.Каменица.

По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, во црквата „Успение на пресвета Богородица“ се одржа богојавленска литургија на која присуствуваа голем број православни верници од општина Македонска Каменица.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*