ПСК „Голак“ реализираше високогорска акција на планината Пирин

Група делчевски планинари, членови на планинарското спортско друштво „Голак“, реализираа високогорска акција на планината Пирин во соседна Бугарија.

Во акцијата како што информираше претседателот на ПСК „Голак“, Љупчо Чучуковски учествувале и членови на друштвото од Софија, кои со кои заедно ги искачиле врвовите Полежан и Безбог.

-Станува збор за врвови високи 2851 метар односно 2645 метри надморска висина. За да ги искачиме направивме една кружна патека која започна од планинарски дом Безбог, потоа поминавме по истоименото заледено езеро, продолживме низ таканаречениот Безбошки циркус, а потоа преку кружна патека со истата рута се вративме назад до планинарскиот дом, рече Чучуковски.

Временските услови, како што додава, ги послужиле планинарите, па така високогорската акција се реализирала без проблеми.

-Иако е средина на зимата, времето не послужи. Имавме сончево време без ветар и магла. Единствено температурата изнесуваше минус 8 степени кои придонесоа снегот да биде целосно да биде замрзнат, додаде Чучуковски.

Врвовите Полежан и Безбог се едни од највисоките масиви во соседна Република Бугарија. Вакви акции од ПСК „Голак“ најавија и во наредниот период.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*