Ниските температури причина за висок обем на работа на делчевските комуналци

Над десетина интервенции на оштетени водоводни инсталации поради мрзнење на водата, минатата недела имале комуналците од делчевското јавно комунално претпријатие „Брегалница“. Како што информираа надлежните, причина за ова се ниските температури, поради кои најчесто се интервенирало на испукани водомери. 

-Последниот случај го имавме денес, каде граѓани имаа испукан водомер кој за среќа требаше само да се замени. Навремено бепе интервенирано и штетата не беше голема. Интервенираме и на други дефекти кои се јавуваат, најчесто испукани цевки и други проблеми кои се карактеристични кај водоводните системи во зимскиот период, информираа од ЈКП „Брегалница“.

Вечерва се најавуваат поларни темеператури, а во интерес граѓаните да немаат непланирани проблеми и дополнителни трошоци, надлежните препорачуваат да не ги пуштаат чешмите да течат, туку да ги заштитат своите водомери.

-Најдобро е граѓаните да ги заштитат и покриваат водомерите за да не дојде до испукување или оштетување. Во случај на испукан водомер трошоците се на товар на граѓаните, при што замената на водомерите е бесплатна,а трошокот за нов водомер се движи од 2700 до 3000 денари, додаваат од делчевското комунално претпријатие.

И покрај големата бројка од пријавени дефекти поради мрзнење, потрошувачката на вода, како што додадоа од ЈКП „Брегалница“ остануаваат во рамки на нормалата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*