За 40 проценти зголемен откупот на тутун во Пијанец во однос на минатата година

Во Пијанец за 40 проценти зголемен откупот на тутун во однос на минатата година. Ова според Светлана Мановска, раководител на финансии во „Далија Табак” Делчево, се должи на подобрите услови за одгледување на тутунот проади што и тутунарите имаа подобри приноси.

-Слободно може да кажеме дека кога e во прашање производството на тутун, во изминатата реколта тутунарите имаа одлични услови, што се покажа и со натпросечниот квалитет на жолтото злато. Поради тоа и цените за откуп беа над просекот, за што сметаме дека и тутунарите беа задоволни, истакна Мановска.

Откупот како што додаде Мановска, се уште трае, а исплатата се врши без никакви проблеми.

-Значи процентуално досега имаме 40 проценти повеќе откуп од минатата година. Се уште имаме тутун, кој не е предаден од страна на тутунарите. Очекуваме тоа да се случи до крајот на овој и почетокот на идниот месец. Исплатата се одвива без никакви проблеми, со тоа што тутунарите своите пари ги добиваат од 3 до 5 дена по откупот на тутунот, додаде Мановска.

Поради одличната реколта од минатата година од Далија Табак очекуваат во тековната 2020 година да бидат зголемени површините со насади од тутун. Како причина за ова го наведуваат сигурниот откуп, сигурната исплата и сигурните субвенции во просек по 1 евро за килограм, кои се само дел од придобивките кои се воведени за зголемување на тутунопроизводството

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*