РК ,,Делчево” ги започнува подготовките за пролетниот дел од сезоната

Ракометниот клуб Делчево со официјална прозивка на ракометарите, утре ги започнува подготовките за продолжението од сезоната во младинските конкуренции во кои настапува. Како што информира тренерот Горан Велков, тренинзите најпрвин ќе се реализираат во сала, а потоа предвидено е и одигрување пријателски натпревари со неколку екипи.

-Оваа година тренинзите ќе се одвиваат во два дела. Првиот дел поради ладното време го започнуваме со тренинзи во сала, додека во понатамошниот дел ќе одиграме и контролни натпревари со неколку екипи од соседството, истакна Велков.

Делчевци годинава се натпреваруваат на три фронта и како што додава Велков, целта е во сите три конкуренции во кои настапуваат да се атакува за влез на фајнал-фор турнирите.

-Сите три екипи претендираат за висок пласман, а најмногу шанси им се дава на пионерките кои и покрај големиот број повреди во есенскиот дел ги задржаа шансите за плеј оф. Се надеваме на успех и повторување на успехот од лани кога го освоивме бронзениот медал, додава Велков.

Ракометниот клуб ,,Делчево” е една од ретките екипи од Источна Македонија која има три екипи во младинска конкуренција во ракомет. Во екипата членуваат 50-тина ракометари кои се натпреваруваат и имаат забележителен успех во пионерска и кадетска конкуренција, додека пред две сезони, машката екипа се натпреваруваше во Првата ракометна лига, која е втора по квалитет во Македонија.

Почетокот на пролетниот дел од сезоната, како што додадоа од клубот е планиран кон крајот на следниот месец

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*