Во Берово започна пријавувањето за „Работнички спортски игри 2020“

Во Берово започна пријавувањето за учество на годинешното издание на Работничките спортски игри, настан кој секоја зима општината го организира, со цел подигање на спортскиот дух и подобрување на соработката помеѓу институциите и правните субјекти.

Како што информира Зоран Нешкевски од организациониот одбор, настанот е отворен за пријавување за сите поединци со спортски дух кои ќе ја претставуваат својата институција.

-И оваа година Работничките спортски игри и турнирот во мал фудбал се организираат со цел спортување, подигање на спортскиот дух и подобрување на соработката помеѓу институциите, и правните субјекти. Настанот ќе се одржи на почетокот на идниот месец и за таа цел Општина Берово како домаќин, т.е организатор на овие игри ги поканува сите заинтересирани јавни институции, општини и правни субјекти, доколку сакаат да земат учество, да се пријават на работничките спортски игри, најдоцна до 3 февруари годинава, информира Нешкевски.

За разлика од претходните години, како што додава, оваа година турнирот ќе се игра со поинакви правила.

-Пред почетокот на извлекувањето на групите, или распоред на натпреварите сите екипи се должни да достават точен список на вкупно 10 играчи, кој ќе биде на увид, на сите екипи учесници. Овој список ќе биде конечен, се до завршување на турнирот и не се дозволени никакви измени во него, додава Нешкевски.

Почетниот состанок за организацијата на турнирот, ќе се идниот понеделник во 15 часот, во салата на беровскиот совет. Поради оваа причина од општината ги покануваат сите кои се заинтересирани за учество, да испратат свој претставник на состанокот, како би се запознале со правилата на работничките спортски игри и турнирот во мал фудбал.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*