Во Берово половина од трошокот за топол оброк на лицата од населените места ќе им го покрива општината

Покривање на трошоците во износ од 50 проценти за еден топол оброк дневно и транспорт до домот за лицата од населените места е најновата социјална мерка која денес на заедничка средба пред беровските пензионери беше презентирана од страна на градоначалникот Звонко Пекевски и претседателот на општината Јован Матеничарски.

На покана на претседателот на Здружението на пензионери, Васил Механџиски, тие присуствуваа на седницата на која што ги презентираа и останатите мерки презентираат мерките, предвидени во програмите на општината за 2020 година.

-Согласно донесените програми од страна на советот на општината, предвидена е помош и за оваа целна група, а со тоа и на сите граѓани во општината. Како една од поважните мерки која ќе се реализира со средства од буџетот во 2020 година е мерката со која се обезбедени трошоците во износ од 50 проценти, за еден топол оброк дневно како и транспорт до домот за лицата од населените места. Сметаме дека оваа мерка ќе придонесе за подобар живот на граѓаните, вклучително и пензионерите, рече Пекевски.

Претседателот на беровскиот совет Јован Матеничарски пред присутните додаде дека советот донесува програми со цел да го подобрува животот на сите граѓани, а новата мерка, која е предвидена во програмата за социјална заштита е воведена со цел да се помогне, луѓето од населените места да имаат достапност до топол оброк.

Претходно општината најави нови мерки и во делот на воспитно-образовниот процес, како поддршка на првачињата и учениците кои ќе се запишаат во прва година во беровската гимназија

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*