Забрзан протокот на патници и стока на граничниот премин Станке Лисичково

Забрзан протокот на патници и стока на граничниот премин Станке Лисичково кон Бугарија кај Делчево. Од граничните служби потврдија дека ова е резултат на подобрената контрола и поефикасното делување на службите од двете страни на границата.

-За време на празниците по Нова година имавме мали проблеми во однос на времето на задржување на на граничниот премин, поради што на моменти моравме да преземеме заеднички мерки за поефикасно справување со проблемот. Во изминатите 10 дена ова се покажа како добра пракса, на задоволство на туристите кои преку граничниот премин Делчево ја посетуваат Р Бугарија, велат граничарите.

Потврда за кажаното беше и денешната слика на овој граничен премин каде целиот процес за проверка на личните документи траеше едвај 5 минути.

– Се надеваме дека со скорашното најавување на проширување на граничниот премин од бугарска страна ќе се решат овие проблеми. Преминот е доста стар и конечно е дојдено време истиот да се прошири. И за нас делчеввци, но и за туристите кои поминуваат одовде тоа ќе биде од големо значење, велат возачи од Делчево.

Делчево и Благоевгард кои се најблиските соседни градови од двете страни на границата се причина секојдневно на граничниот премин Делчево – Станке Лисичково да поминуваат над 1000 граѓани. Зголемена фреквенција во двата погранични градови има за викендите, денови кои жителите ги користат за шопинг, но и за еднодневни прошетки до блиското опкружување.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*