Во Делчево се одржа првата дисеминациска сесија од ЦКА-ПХВ циклусот за 2020 година

Одржана првата дисеминациска сесија од ЦКА-ПХВ циклусот за 2020 година. На сесијата ако што информираа од Црвен крст-Делчево учествуваа триесетина волонтери од основните и средните училишта од Делчево и М.Каменица.

-И оваа година општинската организација на Црцен крст-Делчево се вклучи во ПХВ програмата, со тоа што досега се реализираа неколку работилници. Дисеминациската сесија која се одржа во просториите на општинската организација на Црвен крстпредизвика голем интерес кај младите што го покажува и бројот на присутни, вкупно 30 заинтересирани млади волонтери од основните  и средните училишта од Делчево и Македонска Каменица, информираа од Црвен крст Делчево.

Меѓу позначајните активности во рамки на новиот ЦКА-ПХВ циклус, како што дополнија, акцент ќе биде ставен на поттикнување на хуманоста кај луѓето и привлекување нови волонтери.

-Активниот пристап кон човекот, активното знаење и културата како систем на вредности се исто така меѓу приоритетите за оваа година. Од младите нови членови очекуваме самите меѓу себе подобро да се запознаат и да се стекнат со нови знаења и вештини за решавање на проблеми со кои ќе се соочат во текот на реализација на ЦКА-ПХВ проектите, додадоа од Црвен крст Делчево.

Делчевските волонтери во годината која измина реализираа голем број на акции со повеќе категории граѓани како и хуманитарни акции со кииои помогнаа на многу луѓе што ја прави општинската организација на Црвен крст една од поактивните во делот на промоција на хуманите вредности.

Повеќе на следниот линк:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2627541980813301&id=2143191885914982

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*