Започна изградбата на градска капела во Делчево

Со дислокација на подземната инфраструктура на локацијата предвидена за изградба на градската капела кај градските гробишта во Делчево денеска започнаа подготвителните работи за изградба на градската капела во Делчево.  

Согласно со договорот потпишан по спроведената јавна набавка, како што информираа од општината, економскиот оператор има обврска објектот да го изгради во период од 10 месеци.

-Проектот предвидува изградба на придружни и услужни објекти на гробишта-капела, мртовечница со ладилник и помошни простории. Објектот е планиран со максимална висина до 8,5 метри, а во рамки на парцелата предвидени се паркинг места за 16 лесни возила, информираа од општината.

Помеѓу останатите содржини како што додадоа ќе биде обезбеден пристап во мртовечницата, пешачка патека за вработените лица и посетителите, како и парковско зеленило.

Инвестицијата е вредна 6 милиони и 900 илјади денари,  а средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*