Денес постхумно излезе од печат романот ,,Алтан” од авторот Павлинка Ѓорѓијоска. Како што информира познатиот сатиричар Миле Ѓорѓијоски, сопруг на авторката, ова е второ постхумно издание на нејзиното творештво.
-Поради прераната смрт Павлинка не дочека да биде издаден романот Алтан, кој исто како и нејзиниот претходен роман ,,Петра” излегува постхумно. Денес сум среќен да ја споделам информацијата дека по долго време и вредна работа околу подготвувањето на ракописот за печатење, конечно дојде време ,,Алтан” да ја види светлината на денот, соопшти Ѓорѓијоски.
Романот ,,Алтан”, како што додава, е приказна за едно богато турско семејство, кое доаѓа до банкрот поради лошите вложувања на берзата.
-Главен јунак во романот е Керем, чија прабаба е Македонка која заминува за Македонија да го бара скриеното богатство од неговиот прадедо, но тука се запознава со Анѓа и работите заминуваат в друг правец, вели Ѓорѓијоски за сижето на романот.
Кориците и илустрациите на романот ,,Алтан” се на познатиот карикатурист Миро Георгиевски. Се очекува романот зедно со претходните два романи на Ѓорѓијоска “Во тунелот” и “Петра”, да биде претставен пред љубителите на пишаниот збор на 10 март 2020 на денот на нејзиниот роденден.
Авторката Павлинка Ѓорѓијоска е родена 1961 година, а ракописот за Алтан го остави во 2015 година кога почина на 54 годишна возраст.
Leave a Reply