Во Делчево одржан работен состанок на кој беше промовирано новото Здружение на граѓани за унапредување на работна и животна средина ,,Протект – Дел” чиј претседател е Зоран Станоевски од Делчево.
Како што информираа членовите на новот здружение, Протект Дел е самостојна, хуманитарна и стручна организација на сите заинтересирани полнолетни физички и правни лица, чија цел е унапредување на работната и животната средина во делот на безбедност и здравје при работа.

На денешната средба како што додадоа присуствувале претставници на бизнис заедницата и претставници на граѓанските организации во областа на безбедноста и здравјето при работа.
-На средбата се дискутираше за целите и плановите, како и за можноста за соработка со други здруженија, можностите за подршка на компаниите на локално ниво. Средбата заврши со работен ручек на кој се приклучија и останатите членови и подржувачи на здружението, додадоа од Протект Дел.
Од името на порталот на членовите и иницијаторите за формирањето на Протект Дел им посакуваме успешна работа во унапредувањето на состојбата со безбедноста и здравје при работа.

Leave a Reply