Излезе од печат роднокрајниот алманах „Творам-постојам“ 

Објавена книгата ,,Творам-постојам”, алманах составен од творби на 20 роднокрајни автори од Делчево. Како што информира Перса Стојановска, претседател на Здружението на роднокрајни автори – Пијанечки глас, книгата ,,Творам-постојам” е прв алманах на возрасни роднокрајни автори.

-После Алманахот за деца „Изворчиња“ и за млади „Поточиња“, како и Алманахот „Сино, жолто, зелено- творам постојам“ со дела од роднокрајни автори од сите области на култура и уметност, најпосле излезе и првиот алманах на возрасни роднокрајни автори кои се членови на Здружението на роднокрајни автори ,,Пијанечки глас” од Делчево. ,,Творам-постојам” е спој на пишаниот збор од поезија, проза, хумор и сатира и собирачка дејност од повеќе автори кои оставиле белег во роднокрајното творештво, информира Стојановска.

Излегувањето на овој алманах, како што додава е со цел да се афирмираат и мотивирааат роднокрајните авторите да продолжат со своето творештво.

-Целта е авторите да се вивнат во нови предизвици, нови димензии, со нови идеи и нови остварувања кои ќе бидат промовирани пред пошироката јавност во Делчево и регионот, додаде Стојановска.

Алманахот е објавен со финансиската поддршка од Општина Делчево, а неговата промоција е закажана за в петок, 31 јануари 2020 година со почеток во 18 часот во киносалата во Делчево. Коорганизатор на настанот е Националната установа Центар за култура „Н.Ј.Вапцаров“ од Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*