Над 17.000 книги достапни електронски за читателите од Делчево

Од 1 јануари ЈЛБ „Илинден“ започна со електронско издавање на книгите. Процесот до сега како што информираше Билјана Петровска, директор на библиотеката се одвива без проблем, а самата постака не е тешка нити се одвива бавно.

-Од 1 јануари до сега електронски имаме зачленето 55 наши читатели. За да може библиотеката електронски да издава книги, истите треба да видат внесени во КОБИС. До сега имаме внесено  вкупно 17 198 книги. Внесени се сите детски книги, лектирите и делата кои учениците најмногу ги бараат, рече Петровска.

Освен ова како што додаде, континуирано се внесуваат и сите нови книги.

-Библиотекарите секојдневно внесуваат нови книги  во КОБИС и од 1 јануари до сега се внесени вкупно 4000 книги што е навистина за пофалба. Ова е процес кој ке трае цела година, значи комплетно електронски карти сите начи членови ке имаат од следната година, што значи целиот овој процес ќе се заокружи до крајот на 2020 год. До тогаш се надевае дека и целиот книжевен фонд со кој располага библиотеката ќе биде внесен во компјутер, додаде Петровска.

Во моментот библиотеката ги има набавено најновите наслови меѓу најбарани се „Пациентот“, „Хирургот“ и „Љубовното писмо“.

Над 17 илјади книги електронски достапни за читателите од Делчево

Над 17 илјади книги електронски достапни за читателите од Делчево

Posted by delcevo365.mk on Monday, 27 January 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*