Видео: Од разговорот со д-р Марија Глигоровска, директор на Здравствен дом „Гоце Делчев“

Денес го посетивме Здравствен дом „Гоце Делчев“ во Делчево каде поразговаравме со директорката на установата д-р Марија Глигоровска. Глигоровска информираше дека во рамки на склучениот договор со Министерството за здравство, уролог од Штипската клиничка болница двапати месечно започна да врши прегледи за пациентите во Делчево.

Освен ова, услугата еднаш месечно е овозможена и за пациентите од Македонска Каменица. 

Глигоровска додаде дека се прават напори и ортопед повторно да врши прегледи во Делчево и М.Каменица.

-Веќе почна уролог да работи. Во Македонска Каменица ги посетува пациентите еднаш во месецот, додека во Делчево двапати месечно. Во преговори сме со ортопед, кој ќе почне да овозможува услуга во двете здравствени установи. Направивме договор, има некои ситни проблеми околу неговото доаѓање, кои се надевам ќе ги решиме. Се работи за доктор Шишков, кој има работено со овдешните пациенти. Се надевам ќе ги изгладиме недоразбирањата кои ги имаме и ќе овозможиме населението од двете општини да ја добиваат услугата од ортопед во своите матични установи, истакна Глигоровска.

Останатиот дел од разговорот со директорката д-р Марија Глигоровска погледнете го во продолжение.

Разговор со д-р Марија Глигоровска, директор на Здравствен дом „Гоце Делчев“ Делчево

Разговор со д-р Марија Глигоровска, директор на Здравствен дом „Гоце Делчев“ Делчево

Posted by delcevo365.mk on Wednesday, 29 January 2020


Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*