Во Делчево во тек се активности за регулација на речните корита и водотеци. Активностите како што информираат од општината започнаа со чистење на дел од водотеците поѓеѓу населбата Трети Реон и Расадник.
-Активностите се реализираат во согласност со годишната програма на општина Делчево за регулација на речните корита и водотеци, како и програмата на Јавното комунално претпријатие ,,Брегалница”. Екипи и механизација на претпеијатието денес го чистеа ендекот Грозданец, како и дивата депонија формирана во подрачјето на населбите Трети реон и Расадник, информираа надлежните.
Од делчевското комунално претпријатие и општината апелираа до граѓаните за поголема свест за чистата животна средина.

-И покрај тоа што пред неколку месеци се чистеше на споменатата локација, свеста никако да проработи. Затоа апелираме на разумност кај граѓаните, бидејки чистата животна средина е во интерес на сите нас, додадоа надлежните.
Со акцијата за чистење согласно годишната програма за работа на претпријатието и општината како што додадоа ќе се продолжи и во наредниот период, при што ќе бидат опфатени и други локации во близина на речните корита и водотеци.

Leave a Reply