Промовиран роднокрајниот алманах ,,Творам – постојам”

Во Делчево вечерва промовиран алманахот „Творам-постојам”. Настанот го организираше Здружението на роднокрајни автори „Пијанечки глас“ чиј претседател Перса Стојановска, истакна дека алманахот содржи дела од роднокрајни автори од повеќе жанрови.

-Се работи за збирка на литературните творци од здружението на роднокрајни автори „Пијанечки глас” од Делчево. Во неа се поместени творби од поезија, проза, имаме хумор и сатира, застапени се и двајца автори кои својот животен век го поминаа во собирачката дејност. Вечерва сме собрани да ги мотивираме и останатите автори кои не се членови на здружението, а сакаат да творат, да се вклучат во нашите активности и дадат свој допринос во развојот на роднокрајното творештво, рече Стојановска.

Според роднокрајниот автор и собирач на народни умотворби Димитар Узунски, роднокрајното творештво во Делчево има иднина, бидејки се повеќе млади автори се појавуваат со свој ракопис.

-Мислам дека ова здружение има иднина, со тоа што доста млади членови гледам на промоцијата и сметам дека со едно поголемо залагање во организирање на такви настани, со три-четири литературни читања годишно, ќе се поттикне уште повеќе творештвото. Со издавањето пак на вакви збирки, ќе се подигне еланот и моралот на младата генерација да учествува во работата на здружението, рече Узунски.

На настанот кој се реализираше во коорганизација на Националната установа Центар за култура ,,Н.Ј.Вапцаров”, извадоци од дела на автори кои не се меѓу живите, а оставиле свој белег во роднокрајното творештво, читаше актерката Зорица Нушева.

Промовиран роднокрајниот алманах ,,Творам – постојам"

Промовиран роднокрајниот алманах ,,Творам – постојам"

Posted by delcevo365.mk on Friday, 31 January 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*