Регионално: Се подобрува транспарентноста на работата на беровскиот Совет

Советот на Општина Берово ја доби опремата за пренос на седниците кои по инсталирањето ќе бидат пренесувани во живо. Како што информираа од Општина Берово, активноста е дел од проектот „Зајакнување на капацитетите на општинските совети“, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка кој го реализира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

-Првата наредна седница ќе се изврши проба, а веќе на наредната граѓаните ќе можат да ја следат седницата во истиот момент кога таа ќе се одржува. Очекуваме со реализацијата на оваа активност да ја зголемиме транспарентноста и отчетноста на советот на општината и да овозможиме достапност на граѓаните до работата на локалните власти, информираа од општината.

Меѓу другото, како што додадоа, целта е да се зголеми информираноста на граѓаните за работата на ова тело.

– На тој начин би се зголемила транспарентноста во работењето при што граѓаните, наместо преку новинарски извештаи, за случувањата во градот и за одлуките на градските советници, ќе можат директно да се информираат и да ги следат нивните дискусии, како што тоа се прават со собраниските седници, додадоа од општината.

Со проектот „Зајакнување на капацитетите општинските совети“ предвидено е вмрежување на советите од сите општини во Македонија и пошироко, поддршка во олеснувањето на комуникацијата помеѓу заедницата и советите, како начин на подобрување на транспарентноста и отчетноста на локалната власт.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*