Викендов во Берово се одржува вториот Телеком Мастерс турнир во пинг-понг

Пингпонгарски клуб ,,Берово” денес и утре е домаќин на вториот турнир како дел од Државното првенство во пинг-понг во кадетска конкуренција. Како што информираа организаторите, натпреварите ќе се играат во салата ,,Македонски бранители” во Берово.

-Во рамки на првиот ден од турнирот се играат натпреварите за натпреварувачи до 12 години. Утре, недела 2 февруари 2020 ќе се натпреваруваат повозрасните кадети до 15 години. На турнирот ќе настапат најдобрите екипи во досегашниот дел од првенството, инфомираат организаторите.

Почетокот на првите натпревари кои се играат денес се закажани за 11 часот, додека во рамки на утрешната програма мечевите се играат со почеток во 10 часот. 

Турнирот се организира под покровителство на Пингпонгарската федерација со поддршка на општина Берово.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*